понеделник, 27 март 2017  |  Вести денес: 0

Проверете дали ќе ве прогласеле за вештерка во 1692.

clanok_foto_175

Последни вести

Во седумнаесетиот век не било потребно многу за некој да биде обвинет за „соработка со ѓаволот“, особено ако тоа била жена.

Во 1962. година во американската сојузна држава Масачусетс, дваесет и пет лица биле осудени и погубени поради вештерство, додека стотина биле фрлени во самица, каде и умреле.

Францускиот магазин „Терафемин“ објави десет критериуми според кои судиите од тоа доба раководеле и некого прогласувале за вештер и соработник на сатаната.

Доволно било да сте жена и веќе сте сомнителни. Меѓу обвинетите во Салем, Масачусетс имало и мажи, но далеку побројни биле жените.

На удар биле како младите девојки, така и стариците. Најмладата личност обвинета дека е вештерка имала само четири години, а најстарата, 71.

Не чинело да сте премногу сиромашни, односно да не можете самите да се издржувате, но ниту да сте богати.

Сара Гуд, мајката на четиригодишнто девојче била пријавена од страна на нејзините соседи бидејќи често тропала на нивната врата, молејќи за храна. Таа во 1692. година е обесена под обвинение дека е вештерка.

Финансиски независните жени исто така биле сомнителни.

За вештерки ги прогласувале и тврдоглавите жени „без влакна на јазикот“, кои сами носеле одлука без да се консултираат со мажот.

Ако жената има многу деца, се зборувало дека не е нормално да се биде толку плоден, а ако не можела да има деца, тоа било знак дека станува збор за вештерка.

Група жени без придружба на маж веднаш би била осомничена дека склопува пакт со ѓаволот, како и лошите домаќинки во чиј дом би се пронашле расипани млечни производи.

Најчитани вести