Проверете дали навистина сте мајстор за предигра

Ако сметавте дека секој пат сексот морате да го започнете со романтична вечера, свеќи, ливчиња од ружа, масажа и миризлива купка, или ако сметавте дека овие финти палат секој пат, тогаш не сте во право. Исто така не сте во право и ако сметате дека на мажите предиграта воопшто не им е важна.

Една ерогена зона е доволна за да се возбудите

Убавината е во истражувањето! Машкото и женското тело се преполни со ерогени зони, а надразнувањето на само една точка може да доведе до спротивен ефект. Предиграта мора да биде разновидна инаку многу брзо може да ви стане здодевно.

На жените им е потребна долга предигра

Ова тврдење не одговара со вистината, на жените им е важен начинот на кој партнерот го допира и го бакнува нејзиното тело, а не колку долго тоа го прави. Исто така и фазата на менструалниот циклус влијае на тоа колку жената е расположена за секс. Понекогаш е доволен само еден заводлив поглед.

Она што возбудува треба да се повторува

Не, затоа што повторувањето на истите нешта ќе го оттурне партнерот од вас. Разговарајте за фантазиите, местата што сакате да ги галите и ќе откриете голем број тајни коишто ќе ве одведат на нови секси патувања.

Предиграта им е важна само на жените

Иако тоа изгледа дека е така во голем број случаи, дефинитивно не е во согласност со вистината. Предиграта им е подеднакво важна и на мажите и на жените, посебно на оние што се малку повозрасни.