Магазин

Проверете дали повеќе ќе ви стои кратка или долга коса

Проверете дали повеќе ќе ви стои кратка или долга коса

Многу често жените се во дилема кога станува збор должибната на косата. Тие често се мислат дали да ја скратат нивната коса или да ја пуштат долга не знаејќи дали ќе им одговара на лицето.

Затоа, фризерите откриваат точен и конкретен тест.

Станува збор за правилото од 5,75 сантиметри, односно за правилото кое го открил прочуениот светски фризер Жил Робинсон.

Тајната се крие во аглите, а аголот на вилицата е клучен во одредувањето на тоа, дали некому ќе му стои подобро кратка или долга коса – вели тој.

Погледнете на сликата на кој начин се пресметува која должина на коса најдобро ви одговара.

Се што е потребно да направите е да ставите молив хоризонтално под брадата, а линијарот да го потпрете на моливот долж увото. Ако растојанието меѓу увото и крајот на брадата е поголемо од 5,75 см, тоа значи дека подобро ќе ви стои долга коса. А доколку растојанието е помало од 5,75 см, сигурно нема згрешите доколку ја скратите косата.