Провладините сили во Јемен ја презедоа контролата врз Шабуах

Провладините сили во Јемен ја презедоа контролата врз Шабуах
Провладините сили во Јемен ја презедоа контролата врз Шабуах

Провладините сили во Јемен, кои се лојални на претседателот во егзил Абд Рабо Мансур Хади, ја презедоа контролата врз последната, петта јужна провинција Шабуах, соопштија армиски офицери, објави МИА

Шиитските бунтовници Хуси им ја отстапија Шабуах на нашите сили, откако добија уверување дека ќе им биде дозволено безбедно да се повлечат – истакна еден јеменски офицер.

Информацијата била потврдена и од други воени извори.

Најмалку 15 лица убиени во воздушни напади во Јемен

Најмалку 15 лица загинаа и десетици се повредени синоќа при воздушните напади на предводената од Саудиска Арабија коалиција во Јемен.

Меѓу убиените во провинциите Саада и Мариб се пет жени и две деца.

Арапската коалиција бомбардира позиции на шиитските бунтовници и нивните сојузници меѓу армиските единици од 26 март, за да се врати на власт претседателот Абд Рабу Мансур Хади, кој избега во Саудиска Арабија.

Ослободена киднапираната Французинка во Јемен

Ослободена киднапираната Французинка во Јемен
Ослободена киднапираната Французинка во Јемен

Французинката Изабел Прајм, која вооружени напаѓачи ја киднапираа во главниот град на Јемен, Сана, е ослободена, соопшти денеска кабинетот на францускиот претседател Франсоа Оланд.

Нашата сонародничка Изабел Прајм е ослободена. Претседателот Франсоа Оланд сака да им се заблагодари на сите кои помогнаа да се дојде до овој резултат, а посебно на оманскиот султан Кабус бин Саид, се наведува во соопштението, без да се истакнат повеќе детали за нејзиното ослободување.

Прајм и нејзиниот преведувач од Јемен беа киднапирани во Сана на 24 февруари на пат кон работното место, а преведувачот беше ослободен уште следниот месец.