Балкан

Прозборе сопругот на Тијана, жената која со сатар ги уби мајка си и баба си

Прозборе сопругот на Тијана, жената која со сатар ги уби мајка си и баба си

Борислав Стаменков, сопругот на Теодора Викторовиќ, кога ги уби своите мајка и баба ја раскажува страшната вистина.

„Таткото на мојата сопруга, Оливер, се разведе од нејзината мајка Љиљана бидејќи таа го прободе со нож“, вели Борислав Стаменков, сопругот на Теодора Викторовиќ која на 2-ри март ги уби својата мајка и баба.

Нивните тела вчера беа кремирани на Новите гробишта во Белград.

– Мене никој не ме извести кога е терминот за погреб на нејзините мајка и баба. Се распрашував, но никој не знаеше што да ми каже. Ја замолив тетката на Теодора да ми каже кога е погребот, но таа ме нападна со погрдни зборови и ме пцуеше и мене и Теодора, иако јас немам никаква врска со убиствата кои ги направи Теодора, вака ја започна својата исповед Борислав Стаменков, сопругот на Теодора Викторовиќ (39) која со сатар ги уби своита мајка Љиљана (62) и баба Иванка (91) на 2-ри март.

И покрај тоа што Љиљана и Иванка ги сакал и почитувал како свое семејство, Стаменков открива дека тие биле единствената причина поради која Теодора била константно депресивна.

– Мојата сопруга не растела со своите родители, туку ја одгледале дедото Петар и бабата Иванка, а нејзината мајка Љиљана беше алкохоличарка. Теодора растеше без мајчинска љубов и внимание, а заедно започнаа да живеат дури откако почина нејзиниот татко Оливер. Колку што знам јас, Оливер се развел од Љиљана бидејќи таа го прободела со нож, а откако неколку години подоцна тој починал, Љиљана, баба Иванка и Теодора започнаа да живеат заедно а тогаш започна и нејзиниот пекол, вели Борислав, па продолжува:

– Љиљана престана да пие, но секој ден ја омаловажуваше Теодора, поради што таа посегна по алкохолот. Нејзината мајка често земаше кредити бидејќи сакаше да живее удобен живот, но не даваше ниту динар за својата ќерка и внучињата.

Од денот на трагедијата, никој од членовите на семејството на сопругата ниту го побарале ниту го прашале Борислав дали се нивните деца добро, а нивниот син Петар пред недела дена го прославил четвртиот роденден. Теодора не ја видел уште од денот на трагедијата бидејќи посетите се забранети.

– Се плашам дека Теодора ќе изврши самоубиство, ако не ја пуштат од затвор. Веќе неколку пати се обиде да ги пресече вените и нема да може да издржи со затворениците. Ја сакам и не можам да ја мразам бидејќи таа не сакаше да вмеша ниту мене, ниту нашите деца во сето ова, заклучува тој.

Колку за потсетување, Теодора Викторовиќ на 2-ри март после расправија со сатар ја уби нејзината мајка Љиљана Џукиќ и нејзината баба Иванка, чии тела биле кремирани вчера на Новите гробишта во Белград, а на погребот, на кој не присуствувал нивниот зет Борислав, присуствувале триесетина роднини и пријатели.