ВИДЕО: Зошто сите прозорци во авионите се заоблени?

Многу ретко некому му паднало на памет додека гледаат низ просторот за време на летањето со авион (ако имаат среќа да седат покрај прозорецот) да се запраша зошто сите прозорци во авионите се заоблени.

Низ годините инжинерите што се занимаваат со авио – индустријата наишле на голем број препреки и постигнале голем број достигнувања во својата работа. Благодарение на нив, со текот на времето во авионите можеле да летаат побрзо, а во нив да се превезуваат поголем број патници.

За да се зголеми нивната сигурност се променил и изгледот на авионите, а тоа ги вклучува и прозорците.

Во 1950-тите години кога растел бројот на патнички авиони, де Хабиланд Комет станувал популарен, затоа што со неговата кабина под притисок можел да оди повисоко и побрзо од другите авиони.

Но, имал правоаголни прозорци и во 1953-тата година два авиони се распаднале во воздух при што загинале вкупно 56 лица, а главен виновник за тоа биле прозорците.

Имено, таму каде што има агол, постои и слаба точка, а со оглед на тоа дека прозорците имаат четири агли, истите имаат и четири потенцијално слаби точки, па така поголеми се шансите под притисок на воздухот да пукнат.

Со заоблените прозорци, притисокот што би можел да го скрши прозорецот рамномерно се распоредил, па така драстично се намалила шансата истиот да пукне.