Спорт

Прп Гвардиола е пример за тренер

Прп Гвардиола е пример за тренер

Легендарниот Зинедин Зидан откри дека негов пример за тренер е стратегот на Баерн Минхен, Пеп Гвардиола.

Еден од најдобрите играчи во историјата на фудбалот се повлече во 2006 година од активната игра, а сега се обидува да биде успешен и во тренерскиот занает. Минатата сезона беше асистент на Карло Анчелоти во Реал, а сега е на клупата на вториот тим на „кралевите“.

„Баерн отсекогаш бил добар тим, но сепак направи голем чекор напред на глобално ниво. Најзаслужен за тоа е Пеп, бидејќи додаде екстра класа на тој клуб. Даде свој допринос и навистина направи разлика во Баерн. Тој е одличен тренер. Го познавав како играч, често игравме еден против друг, но јас сум руки во тренерскиот занает, а тој веќе е искусен тренер од светска класа. Фасциниран сум од начинот на кој работи и сакам да учам од него“ – вели легендарниот Зизу.