Второ прскање против комарци во Скопје

Авионска дезинсекција против комарци ќе биде извршена на подрачјето на Град Скопје, односно:

-Вториот наврат на аеросолната дезинсекција (авионска) во 2015 година, на подрачјето на Град Скопје, против комарци, ќе се одвива на 26.06.2015 (петок) и на 27.06.2015 (сабота), во период од 05.30 до 08.00 часот.

-Вториот наврат на аеросолната дезинсекција (терестрична) во 2015 година, на подрачјето на Град Скопје, против комарци, ќе се одвива во деновите од 28.06.2015 до 02.07.2015 (од недела до четврток), во период од 23 до 04 часот, наредниот ден.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на аеросолната дезинсекција, авионската дезинсекција ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин,  а согласно на тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција.

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите, стои во соопштението на Град Скопје.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.