Прскање против комарци наредната седмица

Министерството за транспорт и врски информира дека  на наредната седмица, на 16 и 17 јуни, ќе се изврши прскање против возрасни комарци (аеросолна адултицидна дезинсекција).

Прскањето против комарци ќе се спроведе на 6 локации утврдени како приоритетни од страна на Министерството за транспорт и врски во соработка со Министерството за здравство. Локациите се утврдени според нивото на посетеност за време туристичката сезона.

Дезинсекцијата во текот на следната седмица ќе биде извршена на вкупна површина од 6.000 хектари по воздушен пат.

Имено, на 16.06.2014 ќе се спроведе прскање во општините Охрид, Дојран и Ресен, а на 17.06.2014 година ќе се спроведе прскање во општините Крушево, Берово и Чешиново-Облешево, стои во соопштението од Министерството.