Прскање против комарци во Скопје

Вториот наврат од авионската дезинсекција против ларви од комарци во 2016 година ќе се реализира на 16.овој месец, а вториот наврат од терестричната дезинсекција против ларви од комарци ќе се реализира на 20. на подрачјето на град Скопје.

Вториот наврат на аеросолната дезинсекција (авионска) во 2016 година, на подрачјето на Град Скопје, против ларви од комарци, ќе се реализира на 16.06.2016 година, во период од 06 до 12 часот. Притоа ќе бидат опфатени сите мочуришта, канали и стоечки водни површини во градот Скопје и неговата околина, како и течението на реката Вардар.

Вториот наврат на аеросолната дезинсекција (терестрична) во 2016 година, на подрачјето на Град Скопје, против ларви од комарци, ќе се реализира на 20.06.2016 година, во период од 09 до 17 часот. Притоа ќе бидат опфатени сите стоечки водни површини во градот Скопје (канали, езера во Градски парк, езеро Треска и по течението на реката Вардар).

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на аеросолната дезинсекција, авионската дезинсекција против ларви од комарци ќе се изврши првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, во истиот термин, а согласно на тоа ќе се извршува и соодветната терестрична дезинсекција.

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.