Прскање против крлежи во Велес

Службата за информирање на Општина Велес ја информира јавноста дека денеска и утре екипи од ЈЗУ Центар за јавно здравје од Велес ќе спроведат прскање против крлежи.

Со третирање ќе бидат опфатени јавно-прометните површини (тревата и патот) и парковите.

Во случај на врнежи прскањето против крлежи ќе биде одложено за наредниот ден.