Прскањето против комарци наредниот викенд, можеби

Прскањето против комарци најверојатно ќе се реализира наредниот викенд, најави скопскиот градоначалник, Петре Шилегов. Според него, постапката за јавни набавки е почната уште од февруари, но прскањето доцни поради процедурални причини.

Жалбената постапка е во тек, ќе биде предмет на обработка на соодветната комисија на седница на Советот на Град Скопје во среда. Доколку биде одбиена жалбата, очекуваме наредниот викенд да биде прскано против инсекти, вели Шилегов.

Прскањето против комарци секоја година се прави во овој период, но од Град Скопје додаваат дека годинава ќе се спроведе малку подоцна, поради тоа што за првпат побарале мислење од соодветна здравствена институција околу средството кое ќе се употреби.