Прскањето против комарци одложено за утре поради силниот ветер

Градот Скопје ги известува граѓаните дека поради нестабилните временски услови и силниот ветер кој го попречуваше летањето на авионите и разнесувањето на средствата за дезинсекција, се одложи закажаната авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на поплавеното подрачје, којашто требаше да се рализира денеска.

-Вонредното прскање коешто ќе се изврши заради настанатата состојба во поплавеното подрачје, односно од Бутел до Илинден, Арачиново, Ченто, Стајковци, Страчинци, Црешево, Инџиково, Виниче,Смилковци и на другите населени места коишто се поплавени, ќе се реализира утре/13.08.2016 година, сабота/ во периодот од 5 до 9 часот доколку времските услови го дозволат тоа, информираат од Град Скопје.

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.