Прсти да излижете: Подгответе солена торта со тиквички

Доколку се размислувате што да подготвите за јадење денес, топло ви ја препорачуваме оваа торта со тиквички. Оваа солена торта е неверојатно вкусна и декоративна.

Потребни состојки:

главица стар кромид
600 грама тиквички (2 средни)
5 јајца
230 грама кисело млеко
200 грама сирење
200 грама моцарела сирење
150 грама брашно
115 милилитри масло
2 лажичиња прашок за пециво
1 лажиче мелена црвена пиперка
сол, бибер
1 китка копар
10-12 исечени кругови од тиквичка за покривање на тортата
чери домати исечени на половинки, за украсување

Начин на подготовка:

Измијте ги тиквичките и исечете ги на тркалца. Кромидот исечете го на резанки. Во една тава на 1/3 од маслото со малку вода динстајте го кромидот. Додадете ги и тиквичките и динстајте ги додека да омекнат. Ако остане доста течност исцедете ги во цедалка. Оставете ги да се изладат. Изматете ги јајцата со вилушка и додадете го издробеното сирење и киселото млеко. Измешајте убаво. Во еден сад измешајте ги брашното и прашокот за пециво. Потоа додадете ги изладената смеса со тиквички и преостанатото масло, сецканиот копар, мелената црвена пиперка, бибер и сол по вкус. Измешајте убаво. Подготвената смеса сипете ја во округла тава со страна која се вади (дијаметар од 23 см) обложена со хартија за печење. Кругчињата тиквички наредете ги од горе. Ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 50 минути. Извадете ја тавата од рерна и на секоја тиквича ставете половинки од чери доматите завртени со средината кон доле и вратете ја тавата во рерна да се допече уште 10-тина минути. Печената солена торта оставете ја да се излади. Извадете ја страната на калапот, ставете ја на чинија за сервирање, исечете ја на парчиња и сервирајте.