недела, 26 март 2017  |  Вести денес: 0

Прсти да излижете: Тестенини во сос од маслинки

66782_spagetisamaslinamafotoshutterstock-654x434

Последни вести

Ако сте љубител на тестенините ова е вистинскиот избор за вас. Денес подгответе нешто вкусно, лесно и едноставно…

За ова јадење ви се потребни 500 грама фусили (макарони, шпагети), 200-300 грама маслинки (исечкани), 1-2 главици кромид, 3-4 чешниња лук, 1-2 лаврови ливчиња, 500 мл доматен сос, малку свеж магдонос (ситно исечкан), 1/2 кафена лажичка нане, малку морско оревче, 1/2 супена лажица шеќер, 50-70 мл масло за готвење, малку сол (по вкус) и малку црн пипер (по вкус).

Начин на подготовка

Едно пакување шарени, а може и обични макарони се варат според упатството што е дадено на нив и се оставаат уште 10 минути во истата вода за убаво да набабрат. Потоа се цедат. На маслото се пржи сечканиот кромид и се додава лукот. Кога е убаво стаклено испржен, се додаваат сечканите маслинки и пак на умерен оган се пропржува. Се додаваат доматното пире, магдоносот, нането, црниот пипер, морското оревче, лавровите ливчиња и сѐ убаво се запржува. На крајот се додава шеќерот, се промешува и се трга од оган. На исцедените макарони полеваме од сосот и послужуваме. Може над нив да се изренда и сирење.

Најчитани вести