Партиски кадри на СДСМ наместо професионалци добија министерски места (ВИДЕО)

Лидерот на СДСМ Зоран Заев  си го згрижи партиското раководство во Владата. Истурени партиски имиња наместо професионалеци ќе ги водат ресорите и ќе ги добијат заменичките места во Владата.

Генералниот секретар Оливер Спасовски ќе биде нов шеф на МВР, а потпретседателката Фросина Ременски ќе биде нов министер за труд и социјална политика. Уште еден потпретседател на СДСМ, Александар Кирацовски ќе биде заменик министер за информатичко општество, а шефот на кабинетот на Зора Заев, Љупчо Николовски ќе биде заменик министер за земјоделие. Кире Наумов ќе биде заменик министер за финансии.

Премиерот Груевски вели дека е добро што СДСМ инсталираше истакнати партиски кадри за да можат тие да носат и политичка одговорност, а граѓаните да можат да проценат како работеле кадрите на ВМРО-ДПМНЕ, а како тие на СДСМ.

Груевски изрази задоволство што се постигнати такви решенија, зашто, како што рече, опозицијата со полна политичка одговорност, односно со свои високи партиски функционери ќе треба да ја преземе одговорноста за ресорите со кои ќе раководи, „а не да се затскрива зад божемни  експерти, а повторно анонимни членови на СДСМ“.