Пртивор за педофил кој нападнал три деца во Битола

Кривична пријава и 30-дневен притвор за 60-годишен педофил што извршил полов напад врз три деца во Битола.

Шеесет годишниот А.Л. од Битола се товари дека сторил кривично дело „полов напад на дете кое не наполнило 14 години“.

Како што информира МВР, пријавениот во два наврати во октомври годинава со неговото патничко возило ги зел трите малолетни деца, две сестри и нивната малолетна другарка, кои се наоѓале кај лулашки во Градскиот парк.

Тој ги викнал девојчињата и ги однел надвор од градот во околно битолско село каде врз сите три извршил друго полово дејствие.

Од страна на судија на предходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење до 30 дена.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.