Пртивор за Штипјанец: Ограбувал повозрасни жени на дрзок начин

Притвор за штипјанец против кого се поднесени 17 кривични пријави за сторени 30 кривични дела.

Кривична пријава против С.С.(19) од Штип поднесе Секторот за внатрешни работи – Штип поради постоење на основано сомнение дека сторил две кривични дела „разбојништво“ и пет кривични дела „тешка кражба“ на дрзок начин.

Пртивор за Штипјанец: Ограбувал повозрасни жени на дрзок начин

Како што соопштува МВР, по преземените мерки и добиени оперативни сознанија од полициски службеници  од СВР Штип за извршени кривични дела „разбојништво“ и „тешка кражба“ на дрзок начин извршени на подрачјето на Штип штипјанецот е лишен од слобода и приведен во полициската станица.

Жртви на нападот на 19-годишниот штипјанец најчесто се возрасни жени. Од извршениот разговор пријавениот било констатирано дека во периодот од  08 до 24 овој месец на подрачјето на Штип во различен период од денот на повеќе улици, ул.„Славчо Стојменски“, ул.„Христијан Карпош“, во близина на маркет, ул.„Солунска“, ул.„Панче Караѓозов“, позади трговски центар „Елкос“, ул.„Браќа Даневи“ како и во непосредна близина на детската градинка кога нема зголемена раздвиженост напаѓал возрасни жени (од 46-67 години) кои се движеле сами и ги ограбувал на дрзок начин.

Од златари одземени златни ланчиња и вратени на оштетените

С.С. на жените им приоѓал од зад грб и од вратот со тегнење им го кинел и одземал златниот накит и истиот го продавал во златари во Штип и Кочани. Од преземените мерки од страна на полициските службеници  од златара во Кочани  одземени се златни ланчиња и вратени на оштетените, соопштува МВР.

Од златари одземени златни ланчиња и вратени на оштетените
Од златари одземени златни ланчиња и вратени на оштетените

Пријавениот со кривичната пријава бил предаден на судија на предходна постапка, кој на истиот му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.

Инаку, како што се посочува во соопштението од МВР, пријавениот е познат сторител на кривични дела од областа на имотните деликти за што од страна на СВР Штип од март годинава до сега му се поднесени 17 кривични пријави за сторени 30 кривични дела.