Пругата кон Бугарија во време на СДСМ лага, денеска вистина

Во сферата на Железничка инфраструктура, во времето на СДСМ останаа само голите сатолбови да сведочат за едно нереализирано ветување. Имено во 1995 година тогашната власт ветуваше дека ќе направи железничко поврзување на Македонија и Бугарија, но после потрошените стотици милиони евра останаа само дел од мостовите кои полека ги јадеше забот на времето.

Оваа влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ изминатиот период интензивно работеше на проекти од сферата на железничката инфраструктура.

Доизградба и модернизација на железничката мрежа Куманово – Бељаковце – Деве Баир (Коридор 8, дел кон Бугарија). Финансиската конструкција на проектот кој ќе изнесува околу 477 милиони евра ќе биде обезбедена со средства од ЕБОР и ЕИБ , како и со буџетски средства. Изградбата ќе започне по завршувањето на сите неопходни студии и другата проектна документација.

Се работи и на Активности за модернизација на железничката пруга по должина на Коридорот 10. Обезбедени се средства од ЕБОР во висина од 17.6 милиони евра, со кој ќе се изврши модернизација во две фази. Првата фаза опфаќа модернизација на 26 км на правецот Табановце – Куманово и Миравци – Смоквицa. Втората фаза на модернизација на железничката пруга се однесува на правецот Ногаевци – Градско – Неготино.

Се работи на проектот за Рехабилитација и надградба на железничката станица во Скопје, како и за реконструкција на 10 поголеми железнички станици во други градови.

Денес е започнато обновувањето на возниот парк во Железницата со 150 нови товарни вагони. Од тие 150 вагони, 75 се плато вагони, а 75 се отворени вагони. Освен тоа започната е набавка на шест патнички гарнитури возови и репарирање на десетина стари локомотиви и вагони за патниците во железничкиот сообраќај. Исто така потпишан договор за набавка на 2 електро -моторни гарнитури и 4 дизел гарнитури возови за превоз на патници.