Македонија

Прв Климатски камп: Најиновативните идеи ќе добијат по 10.000 долари

Прв Климатски камп: Најиновативните идеи ќе добијат по 10.000 долари

На 19-ти април и официјално ќе се наградат двете идеи кои се покажаа како најиновативни, најдобри и најефикасни во рамки на првиот Климатски камп во Република Македонија. Два тима ќе добијат награда од по 10.000 долари за својот изум и идеа за намалување на штетните влијанија на климатските промени во урбаните средини.

На пресс конференцијата на која ќе се прогласат и наградат најдобрите два тима од вкупно десет финалисти, свое излагање и изјава за медиуми ќе имаат: Луиза Винтон, постојан координатор на Обединетите нации и Постојан претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП),  Џес  Л. Бејли, Амбасадор на Соединетите Држави во Република Македонија, Матс Стефансон, Амбасадор на Шведска во Македонија, Џејмс Стајн, Директор на Мисијата на УСАИД во Македонија.

Десетте финалисти беа избрани од странана стручно национално и меѓународно жири од вкупно 130 апликации кои пристигнаа по јавниот предизвик „ОдТебеЗависи“ (www.odtebezavisi.mk) упатен до сите граѓани за пријавување на паметни и иновативни идеи за намалување на штетните влијанија на климатските промени во урбаните средини. Покрај потрагата за иновативни решенија од страна на граѓаните (поединци или тимови), овој камп има за цел и да ја зголеми свесноста за климатските промени – реалност за која е потребна неопходна акција.