Македонија

Прв климатски камп во Македонија

Прв климатски камп во Македонија

Од 17-19 април ќе се оддржи Првиот климатски камп во Македонија за време на кој 10 финалисти ќе се натпреваруваат за две награди од по 10.000 американски долари.

Десетте финалисти беа избрани од страна на стручно национално и меѓу народно жири од вкупно 130 апликации кои пристигнаа појавниот предизвик „Од Тебе Зависи“ упатен до сите граѓани за пријавување напаметни и иновативни идеи за намалување на штетните влијанија на климатските промени во урбаните средини.

odtebezavisi (1)

Покрај потрагата за иновативни решенија од страна на граѓаните (поединци или тимови), овој камп има за цел и да ја зголеми свесноста за климатските промени – реалност за која е потребна непходна акција.

Во рамки на Кампот за иновации за климатски промени  за време на викендот, ќе се развиваат десетте најдобри идеи од климатскиот предизвик „Твојот град – од тебе зависи“.

Лидерите на избраните идеи ќе работат заедно со менторите, со цел од идеите да се направат  модели и прототипови. Кампот ќе заврши во недела со доделување на награди за два проекти кои ќе покажат најголем потенцијал.

odtebezavisi (2)

-Справувањето со климатските промени во различни сегменти – мониторинг, проценка на ранливост, адаптација, ублажување бара мобилизација, соработка и координација на национално и локално ниво на сите релевантни субјекти, опфаќајќи ја и единката како микро – елемент на општественото живеење. Тоа е и причината поради која сме сите ние тука денес – да ги слушнеме идеите од граѓаните и нивните иновативни предлози за справување со климатските промени. Од рециклирање на вода до чевли и велосипеди кои произведуваат енергија, широкиот дијапазон на иновативни решенија ќе ни помогне на сите да ги намалиме негативните последици од климатските промени и полесно да се адаптираме. Верувам дека ова е само почеток на една инспиративна соработка и нова ера на користење на иновативни решенија за подобра животна средина-изјави министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири на отварањето на Кампот.

odtebezavisi (3)

Кампот официјално го отворија: Џихан Султаноглу, Помошник генерален секретар на Обединетите нации и Директор на Регионалното биро на Програмата за развој на Обединетите  нации за Европа и Заедницата на независни држави, Луиза Винтон, постојан координатор на Обединетите нации и постојан претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП),  Нурхан Изаири, министер за Животна средина и Просторно Планирање на Република Македонија,  Матс Стефансон, Амбасадор на Шведска во Македонија, Џејмс Стајн, директор на Мисијата на УСАИД во Македонија и Димитар Трајанов, декан на Факултет за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ).

Кампот  се оддржува вечерва во Телеком Иновативниот Центар, на плоштадот Македонија во Скопје, со почеток од  18:00 часот.

Кампањата „ОдТебеЗависи“ е поддржана од Канцеларијата на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во Скопје, Шведската амбасада, Проектот на УСАИД за општински стратегии за климатски промени спроведуван од Милиеуконтакт Македонија, Факултетот за информатички науки и компјутерско инжинерство (ФИНКИ) и Министерството за животна средина и просторно планирање.