Прв лет на авион со соларен погон

Авион на соларен погон кој следната година ќе тргне на патување околу светот, денеска го реализира својот прв лет во Швајцарија. Авионот наречен „Соларен импулс 2“ полета од аеродромот во Рајерн во 5:35 часот и се вратил два часа подоцна.

Станува збор за поголема и подобрена верзија на авионот кој леташе минатата година над САД, со кој управуваа авантуристите Бертран Пикар и Андреа Боршбег пренесува Би-Би-Си.

Пилот на првиот лет со новиот авион на соларен погон бил Маркус Шердел. Тој се искачил на висина од 1.800 метри и извршил серија на маневри за да го провери системот на управување. Шредел изјавил дека на почетокот се почувствувале вибрации, но дека мисијата генерално е позитивна.

„Ова е голем ден за цел тим на „Соларен импулс“. Авионот, каков што е овој, е единствен. Прв пат во историјата имаме авион кој лета без гориво и во текот на денот и во текот на ноќта, што ни покажува неверојатен потенцијал на технологијата“, вели Пикар.

Авионот е направен од карбонски влакна, распонот на крилата му е 72 метри, што е повеќе од познатиот „Боиг 747“, а е тежок само 2,3 тони.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.