среда, 23 август 2017  |  Вести денес: 46

Прв македонско-полски бизнис форум на жени претприемачи

Целта на форумот е да се создадат поблиски економски контакти во насока на отворање на можности за економска соработка, промоција на македонскиот извоз во Република Полска, привлекување на потенцијални странски инвестиции од Полска

Поврзани вести

Македонската мрежа ментори во соработка со Министерството за надворешни работи и македонската амбсада во Варшава и ангажманот на вршителот на работи, Горица Атанасова Ѓоревска, во периодот меѓу 28 јуни до 1 јули, 2017 година во полската престолнина ќе го реализира првиот македонско-полски бизнис форум на жени претприемачи.
Настанот произлегува како заедничка идеја на Македонската мрежа на ментори, раководена од Славица Николовска и Меѓународниот форум на жени од Полска, раководен од Ева Ижиковска Жимни, со поддршка на Министерствата за надворешни работи на двете земји и ентузијастичкото прифаќање и понатамошна реализација на идејата од страна на Амбасадата на РМ во Варшава. Целта на форумот е да се создадат поблиски економски контакти во насока на отворање на можности за економска соработка, промоција на македонскиот извоз во Република Полска, привлекување на потенцијални странски инвестиции од Полска, како и согледување на полските искуства од користењето на структурните фондови на ЕУ и можностите за заедничко настапување на компаниите од Македонија и Полска на двата пазари како и во трети земји, а сето тоа со фокус на жените претприемачи.

Програмата, која што е резултат на заедничкиот интензивен ангажман на сите партнери вклучени во организацијата и истата ќе вклучи бизнис форум, повеќе средби и посети на партнер организации, компании, комори. На настанот ќе земат учество жени претприемници, менаџерки, раководители, и лидерки од Македонија и од Полска. Бизнис форумот, кој ќе се одржи во просториите во МНР на Полска ќе го отворат надлежните претставници од директоратите за економска дипломатија Шпреса Јусуфи и Војчек Поникијевски, воведно обраќање ке има и вршителот на работи во Амбасадата во Варшава Горица Атанасова Ѓоревска, а на истиот ќе се обратат и Директорките на двете партнер организации Славица Николовска и Ева Ижиковска Жимни. На форумот ќе се презентираат неколку компании кои веќе имаат искуство со инвестиции и работат на македонскиот пазат и тоа ИТ компанијата Асеко која во Македонија е присутна повеќе години, како и туроператорот Рего-Бис кој од оваа летна сезона започнува со првите туристички понуди и чартер летови на релација Катовице-Охрид, а ќе бидат организирани и повеќе Б2Б средби во насока на поврзување на компатибилни бизниси од двете страни. Во рамки на посетата ќе се остварат средби и контакти со раководството на Полско-Балканската комора во која членуваат полски фирми ориентирани кон регионот на Југоисточна Европа со цел да се лоцираат можности за понатамошна соработка.

Од Македонија учество ке земат:

Анета Антова-Пешева –Компанија Ултра Комутери,Скопје
Анита Спасовска-Компанија Бучен Козјак, Куманово
Мр. Слободанка Алексовска директор на АВРМ-град Скопје,
Љупка Наумовска- професор на УТМС, Ханибиз-маркетинг и ПР агенција, Скопје
Весна Аврамовска НВО Мата, Скопје
Марија Ристеска –НВО Центар за истражување и креирање политики, Скопје
Ирена Јакимовска-Компанија Комфи Ангел, Прилеп
Лидија Стојановска –Компанија Л-Децибел
Марта Наумовска-Грнарова-Компанија Завар Дизајн, Скопје
Марина Мициќ- Компанија Милениум дизајн,Скопје
Сашка Поп-Димитријоска Тренкоска- Компанија ДОНИА доо, Прилеп
Мирјана Марковска-Андревски, Адвокатска канцеларија Марковска и Андревски
Татјана Гуржанова- Њуборн (NEWBORN) клиника

Најчитани вести