Прв меѓународен турнир во екстремни спортови во Скопје

Скејтерџиите, ролерџиите и возачите на бмх-велосипеди денеска на кејот на Вардар кај Камениот мост ќе изведат дел од егзибициите што ќе биде најава за Првиот меѓународен турнир во екстремни спортови – Скопје 2014. Истиот ќе се одржува од утре до сабота.

s1

Попладне, во 17 часот, во Скејт паркот ќе се одржат првите тренинзи, а квалификационите возења се закажани за утре во истото време, кога ќе возат скејтерите. Во петок, во 17 часот, во Скејт паркот, ќе се одржат квалификациите за натпреварувачите на ролери (блејдери), а в сабота, во 14 часот, на распоредот на турнирот се квалификациите на БМХ.  Финалето во скејтбордање, ролери и бмх ќе се одржи в сабота на новиот Скејт парк на кејот на Вардар во 17 часот, кога најдобрите поделени во две групи од по 3 возачи, во 5 обиди на вешти возења ќе се борат за освојување на првите три места.

На турнирот ќе учествуваат возачи од Македонија, Хрватска, Србија, Косово и Велика Британија и тоа 17 возачи на скејт, 15 возачи на ролери и 20 возачи на бмх велосипеди.

s3

Судиите на овој прв турнир од ваков тип во нашава држава, доаѓаат од Словенија, а еден од најдобрите судии е Изток Суматич, којшто е судија и на Олимписките игри за екстремни спортови.

Наградниот фонд е вкупно 1.050 евра. По 200 евра за прво, 100 евра за второ и по 50 евра за трето место во трите категории, а во текот на одржувањето на Турнирот, ќе настапат и голем број ди-џеи.

Град Скопје, за одржување на овој настан, од Буџетот преку Програмата за спорт за 2014 година, издвои 100.000 денари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.