Прв на листата на избирачкото ливче СДСМ, петката за ВМРО-ДПМНЕ

Прв на листата на избирачкото ливче за предвремените парламентарни избори, кои ќе се одржат на 27-ми овој месец е СДСМ со коалициските партнери, ДПА е под реден број 2, коалицијата „Достоинство“ е трета по ред, бројот четири го има ДУИ, под редниот број 5 е ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, 6 – НДП, 7 – НДН, 8 коалицијата ГРОМ, 9 коалицијата „За позитивна Македонија“, 10 – ВМРО-НП, 11 – СДПМ, 12 ПЕП 21, 13 – ПДП и под редниот број 14 е ПЕИ.

Имено, во сабота на 5-ти април започнува изборната кампања за предвремените парламентарни избори.