понеделник, 29 мај 2017  |  Вести денес: 46

Прв натпревар за „Microsoft Office Specialist“ во Македонија

Натпреварот го организира Certiadria, официјален партнер на Certiport за Македонија и регионот, заедно со компанијата Microsoft Македонија. Учесниците ќе имаат можност да се натпреваруваат покажувајќи вештини и познавања со полагање тест на Microsoft Office апликациите, односно Word, Excel и PowerPoint, од MS Office 2010 или MS Office 2013.

Прв натпревар за „Microsoft Office Specialist“ во Македонија

Прв натпревар за „Microsoft Office Specialist“ во Македонија

Последни вести

Ученици од основни и средни училишта, како и студенти на факултети, на возраст од 13 до 22 години, до 15-ти  месецов можат да се пријават за учество на првиот Национален натпревар за Microsoft Office Specialist во Македонија, пренесува МИА.

Натпреварот го организира  Certiadria, официјален партнер на Certiport за Македонија и регионот, заедно со компанијата Microsoft Македонија. Учесниците ќе имаат можност да се натпреваруваат покажувајќи вештини и познавања со полагање тест на Microsoft Office апликациите, односно Word, Excel и PowerPoint, од MS Office 2010 или MS Office 2013.

Националниот натпревар во Република Македонија ќе се одржува во Скопје и во уште неколку градови во два круга. Првиот квалификациски круг ќе се одржи во десетина средни училишта, факултети и тренинг центри ширум земјата. Најдобрите од овој круг влегуваат во финалниот натпревар, кој ќе се одржува во Скопје на 28 овој месец и на кој победниците можат да се стекнат со многу вредни награди.

Најдобриот натпреварувач ќе ја претставува Македонија на светскиот натпревар за Microsoft Office Specialist, што оваа година ќе се одржува во Дизниленд, во Орландо САД.

За пријавување за натпреварот се пополнува апликација на веб страната:www.certiadria.com.

Најчитани вести