Прв пат по 23 години лет Белград – Загреб

Српската национална авиокомпанија Ер Србија денеска го воспостави првиот лет од Белград до Загреб, со што оваа авио-линија е обновена за прв пат по 23 години.

Ер Србија ќе лета два пати неделно до Загреб, а новите летови како што е наведено ќе одговорат на барањата за деловни и туристички патувања, а ќе овозможат и заштеда на време во споредба со патување со воз или автомобил.