Прв пораз на ракометарките на Вардар сезонава во Лигата на шампионките

шампионки

Вардар едноставно немаше вистинско решение ниту во нападот ниту во одбраната. Лошо го отворија натпреварот и немаа сили за агресивната одбрана на гостинот.

Будуќност први дојдоа во водство и поголемиот дел од првото полувреме беа во предност. На паузата заминаа со минимално водство од 17-16. Во вториот дел Будуќност продолжи со ист ритам, а Вардарки тешко доаѓаа до реализација. Противникот го одржуваше резултатот на 2-3 гола разлика, а во последните минути дојдоа и до највисока предност 30-25.

Сепак, до крајот Вардарки се изборија за пристоен пораз од 31-28. Пенезиќ со шест, Лекиќ и Лакрабер со по пет голови беа најефикасни во таборот на Давид Дејвис, додека Будуќност до победата го предводеше маестралната Булатовиќ со дури 14 погодоци.

До крајот остануваат уште две кола. На 5-март Вардар му гостува на Мец, додека на 13-ти март го пречекуваат Турингер во последниот натпревар од групата фаза во ЛШ.