Прв приоритет на Спасовски: Луксузни возила за него и за соработниците

Оливер Спасовски од СДСМ денес стана прв човек на Министерството за внатрешни работи и веднаш ги постави своите приоритети, пишува порталот „Курир“.

„Курир“ пишува дека откако влегол во МВР, на Спасовски најважно му било да собере што е можно повеќе луксузни возила за себе и соработниците.

Не му бил доволен блиндираниот мерцедес на кабинетот, па Спасовски си зел Ауди, џип BMW X5 и Пасат.

Во кабинетот веднаш си вдомил и тим од петмина обезбедувачи иако не можел да појасни од кого се почувствувал загрозен кога нема реализирано ниту една оперативна обработка, пишува порталот.

За да го овековечи овој момент, Спасовски веднаш повикал професионални фотографи да го сликаат во својот кабинет за на сајтот на министерството.

Под фотографијата е објавена неговата сиромашна биографија.

–  Советник  на Градоначалникот во Општина Куманово

–  Секретар на Општина Куманово

–  Пратеник во Собрание на Република Македонија 2011-2014 г. и 2014-2018 г.

Неговото искуство нема никакви допирни точки до безбедноста.