ФОТО+ВИДЕО: Прв редизајн култните „Старки“ ќе доживеат по 98 години

Прв редизајн култните „Старки“ ќе доживеат пои 98 години. Тие се омилени обувки на многу генерации, а редизајнот првенствено би требало да ги направи поудобни.

И во рамки на втората верзија на култните „Старки“ ќе биде задржан потписот на кошаркарската ѕвезда Чак Тејлор, што е препознатлив знак на овие патики уште од 1917-тата година.

И со овој прв редизајн култните „Старки“ ќе го задржат надворешниот изглед, а ќе се менува нивната внатрешност, со цел да се подобри удобноста (нешто по што овие обувки речиси цел еден век се познати).

Новата верзија на патиките кои се препознатлив дел од имиџот на голем број ѕвезди од Вилт Шемберлејн до Курт Кобејн, ќе биде обложена со „лунарна “ пена, ќе има подебел ѓон, а препознатливата гумена „капа“ на прстите останува.

Кружното парче ткаенина на кое се наоѓа логото на патикиките ќе биде изработено во иста боја како патиките.

Идејата на „Ол стар II“ („All Star II“) е удобност, a во продажба ќе се најдат од 28 јули во бела, црвена, црна и сина боја.

Како ќе изгледаат по овој прв редизајн култните „Старки“ погледнете во продолжение.

ВИДЕО: Десет работи што сигурно не сте ги знаеле за култните „стартки“

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.