Прв саем за вработување во СЦ „Борис Трајковски“

Саем за Вработување од утре за прв пат, од 10 до 17 часот, ќе се одржи во Македонија.

Во спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе бидат присутни над 80 компании, кои ќе имаат свое претставување пред граѓаните.

Саемот го организира Агенција за Вработување на Република Македонија, која соошти дека верува дека на овој начин ќе се помогне при доближувањето на компаниите до граѓаните, и преглед на  побарувачката и понудата на пазарот на труд.

Организаторот информира дека заинтересираните треба со себе да понесат CV во печатена форм, кое ќе го оставаат во поставените кутии за резимеа.