Прв саем за вработување

Прв Саем за вработување на кој ќе се претстават 80 компании денеска ќе се одржи во Скопје, во организација на Агенцијата за вработување на Република Македонија.

Компаниите ќе ги презентираат своите потреби од кадар пред лица кои се баратели на работа.

Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски и заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски ќе се обратат на отворањето на Саемот.

До крајот на годината вакви саеми ќе се организираат во Неготино, Тетово, Штип, Охрид, Струмица, Куманово и Битола.