Прв Симпозиум за первазивни развојни нарушувања во Струга

Првиот меѓународен Симпозиум за первазивни развојни нарушувања „Научни достигнувања во функција на практиката“ ќе започне денеска во Струга.

На симпозиумот ќе се разговара за клиничките стратегии и трендови во рехабилитацијата на первазивни развојни нарушувања, воспитанието и образованието, како и социоекономските аспекти на лицата со вакви нарушувања.

Целта е да се зајакне комуникацијата на едукаторите, истражувачите, медицинските лица и родителите, да се разменат искуства и сознанија и да се дадат предлози за унапредување на дијагностиката и рехабилитацијата и едукацијата на децата со первазивни развојни нарушувања.