Македонија

Прв смртен случај oд грип во земјава за оваа година

Прв смртен случај oд грип во земјава за оваа година
фото- илустрација: Децата засега се со лесна клиничка слика

Шеесет и седумгодишна велешанка е првата жртва од вирусот на грип во земјава за оваа година.

Кај жената, која вчера починала на Инфективната клиника во Скопје, било потврдено присуство на вирус на грип од типот А Х3Н2.

Пациентката, како што информираше директорот на Клиниката за инфективни болести, Звонко Миленковиќ,  имала хронична опструктивна белодробна болест, срцева слабост, дијабетес и бубрежна болест.

„На Клиниката за инфективни болести се хоспитализирани 90 до 100 пациенти од кои половината се со грип“, додаде Миленковиќ.

Раководителот на Секторот за превентивна здравствена заштита Јованка Костовска рече дека во Македонија досега се регистрирани 1.941 случаи со грип кој, како што посочи таа, зема се’ поголем замав.