Прв солистички концерт на Нина Бадриќ во Скопје

Првиот голем солистички концерт во Македонија на хрватската поп дива Нина Бадриќ со незабравните: „Такви као ти“, „Нек ти буде као мени“, „Знам те ја“, „Чежња“ и многу други ќе се одржи на петти април во арената „Борис Трајковски“ со почеток во 21 часот.

Како специјален гостин ќе се појави македонскиот пејач Даниел Данн, а ќе има многу други изненадувања.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.