Македонија

Прв училишен час во Гази Баба

Прв училишен час во Гази Баба

Градоначалникот Тони Трајковски присуствуваше на првиот училишен час во реновираното основно училиште „Наум Охридски“ во Раштак и во основното училиште „Дане Крапчев“ во Ченто.

За добредојде на првачињата, постарите другарчиња подготвија пригодна програма.

Градоначалникот ги поздрави првачињата, учениците и наставниците и им посака успешна училишна година.

На подрачјето на општина Гази Баба има 11 основни училишта и 5 подрачни, во кои учат 7100 ученици, а оваа година во прво одделение се запишаа околу 750 ученици.

Пред почетокот на учебната година во сите основни училишта се направија реновирања на работните простории, на објектите и на училишните дворови.