Прв звучен буквар на македонски јазик

„Просветно дело“ објави „Звучна азбука“ – прв звучен буквар – сликовница на македонски јазик со кој децата, без помош од родителите, брзо, лесно и низ игра ќе ги совладаат буквите од македонската азбука.

– Книгата сама ги изговара буквите и зборовите – детето треба само да притиска на копчињата. По принципот притисни-слушни-повтори, на малите читатели им се овозможува правилно да ги репродуцираат буквите, да чујат поим со соодветната буква и звукот што тој го произведува. Ова интерактивно издание, освен изучувањето и препознавањето на буквите, нуди можност да се вежба пишувањето и правилниот изговор и да се откријат интересни факти за поимите кои почнуваат на секоја од буквите од македонската азбука, соопшти издавачот, пренесува МИА.

Звучниот буквар е ексклузивно издание со кое „Просветно дело“  одбележува 70-годишнината од излегувањето на првиот Буквар на македонски јазик.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.