Прва конференција IPA CAMPEX 2015

По повод претстојната Теренска вежбовна активност, што ќе се одржи од 15 до 19 јуни годинава во Коњски дол, Визбегово, Дирекцијата за заштита и спасување денеска организира Прва иницијална планирачка конференција IPA CAMPEX 2015.

Вежбата, прва од ваков вид во Македонија, има за цел промовирање на соработката, координацијата и интероперативноста на државите учеснички во рамките на Механизмот за цивилна заштита на ЕУ.

Се организира во рамки на втората фаза од IPА проектот на ЕУ за зајакнување на соработката меѓу земјите кандидати за членство и потенцијални кандидати во делот на цивилната заштита.

Конференцијата IPA CAMPEX 2015 се организира во соработка со ЕУ-Генералниот директорат за хуманитарна помош и цивилна заштита и конзорциумот формиран за оваа намена составен од службите за заштита и спасување  на Словенија, Хрватска, Германија, Италија, Шведска и приватната компанија Синџерис од Австрија.