Прва награда за Кочо Топузоски на Меѓународниот поетски фестивал во Корча

Македонскиот поет Кочо Топузоски на Меѓународниот поетски фестивал во Корча, Република Албанија ја доби првата награда што се доделува за особени естетски дострели.

На фестивалот „Поетски ноќи на Корча“ кој од 25 до 27 јуни годинава се одржа во Корча по јубилеен, 20-ти пат, настапија 48 поети од балканските земји.

Неодамна Кочо Топузоски го објави своето најново поетско остварување, книгата „Посланија и риданија“.

Кочо Топузоски е претставник на средната генерација македонски поети. Автор е на поетските книги „Ноќни делби“, „Болна прелест“, „Препознавања“ и „Посланија и риданија“. Застапуван е во неколку избори, панорами и антологии меѓу кои и во 130 – томното издание „Македонска книжевност“, во 92-от том „Современа македонска поезија“. Негови стихови се преведувани на француски, англиски, руски, српски и албански јазик.