Прва Полна месечина на католички Божик по 38 години

Вечерва на небото ќе се појави првата Полна месечина на Божик, по грегоријанскиот календар, по 1977 година.

Вечерашната Полна месечина ќе биде и последна за оваа година, а бидејќи се случува на почеток на зимата, таа е позната и како „Полна студена месечина“.

НАСА наведува дека Полна месечина нема да се повтори на Божик до 2034 година.