Прва седница на новиот состав на бугарскиот парламент

Бугарското Народно собране (парламентот) ја одржа во средата својата прва седница во новиот состав првпат по предвремените парламанетарни избори од 26-ти март, и притоа го избра Димитар Главчев од конзервативната Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ) за свој претседател.

Партијата ГЕРБ освои 95 пратенички мандати од вкушно 240-те, а нејзиниот челник Бојко Борисов би станал премиер по третпат. Претседателот на Бугарија, Румен Радев, изјави дека следната недела на ГЕРБ ќе му го додели мандатот за составот на новата влада, коајшто би требало да ја преземе власта на почетокот од мај.

ГЕРБ беше принуден со блокот од крајната десница Обединети патриоти која освои 27 места, но истакнуваат дека владата ќе биде десно центристички и прозападно ориентирана.

Бугарската социјалистичка партија (БСП), којашто се смета за проруски ориентирана, ја предводи опозицијата со 80 пратеници. Партијата на турското малцинство Движење за права и слободи (ДПС) на изборите освои 26 пратеници, а партијата Волја 12 мандати.