Прва жена бискуп во Црквата на Англија

Либи Лејн е првата жена бискуп на Англиската црква, која денеска стапи на должност, со што се стави крај на машката доминација со водството на оваа црква.

Пречесната Либи Лејн стана осми бискуп на Стокпорт на денешната служба во Јоркшката катедрала.

Минатата година беше ставен крај на долгата поделба во Црквата откако со гласање беше дозволено жени да служат како бискупи.

Лејн по именувањето изјави дека таа е прва, но не и последна жена бискуп.

Црквата на Англија е државна христијанска црква во Англија и „мајка црква“ на англиканската заедница. Англиската црква се одвои од Католичката црква во 1534 година по донесувањето на Актот за супрематија и денеска се одредува истовремено како католичка и реформаторска.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.