Прва жртва на птичји грип во Северна Америка

Прва жртва на птичјиот грип во Северна Америка. Канаѓанец починал, набргу откако се вратил од Кина. Ова е и првиот случај на инфицирање со опасниот вирус регистриран во Северна Америка.

Жртвата ги почувствувала првите симптоми на болеста во авионот на враќање од Пекинг. Човекот бил примен во болница со главоболка и треска и два дена подоцна починал.

Властите итно трагаат по лицата што патувале во ист авион. Истовремено од Министерството за здравство уверија дека станува збор за изолиран случај и ризикот од ширење на болеста е минимален . Вирусот H5N1 се пренесува при директен контакт со заразени птици.

Кај луѓето болеста се одвива со тешки симптоми и во 60 отсто од случаите е смртоносна. Според канадскиот министер за здравство, сепак нема докази дека вирусот се пренесува од човек на човек.