Прва жртва од грипот на Косово

На Инфективната клиника на Клиничко- болничкиот центар на Косово во Приштина утрово како последица од грип од типот Х1Н1 починала една жена.

Педесет и шестгодишна жена во болницата на Косово била примена пред два дена. Утврдено било дека кај нејзе е присутен вирусот Х1Н1.

Во изминатире пет дена на тамошната Клиника биле тестирани 57 лица, од кои кај 20-тина е присуство на овој вирус, додека во 11 случаи утврдено е дека станува збор за обичен грип.

На Инфективната клиника моментално се сместени 11 пациенти, од кои кај пет е утврден вирусот Х1Н1.