Прва жртва од поплавите во Албанија

Поплавите на југот во Албанија ја однесоа првата жртва, соопшти полицијата во Корча. Станува збор за жена од селото Врдово близу Подградец.

Во утринските часови таа се удавила во надојдената река Врдово која поминува низ селото.

Потрагата по телото на жената се уште не е завршена, јавуваат албански медиуми. Поплави се регистрирани во речиси цела Албанија откако голем број реки се излеаја од коритата поради повеќедневните поројни дождови.