Прва жртва во поплавите – се удави седумгодишно дете

Седумгодишно дете од кумановското селото Никуштак, денеска се удавило, откако го повлекла надојдената вода, објави порталот „Куманово Њус“, пренесува Нетпрес.

Трагедијата се случила околу 13 часот, кога детето со своето братче тргнало на училиште. Во моментот кога поминувало низ селскиот дол, надојдената вода од планината ги повлекла двајцата. Постарото братче успеала да го извлече една жена, која случајно се нашла во нивна близина, а помалото го однела водата. Тоа подоцна било пронајдено мртво.

Од СВР Куманово го потврдија случајот и најавија повеќе информации во текот на денот.