Првачињата во Илинден ја одбележаа Детската недела

Под мотото „Детски права за наше детство“, првачињата од основните училишта од општина Илинден ја одбележаа „Детската недела“ и станаа членови на Детската организација. На овој значаен ден за нив тие дадоа свечена заклетва, а во таа чест нивните поголеми другарчиња им приредија пригодна културно-уметничка програма.

За време на свеченоста првачињата се запознаа со Детската организација, нејзиното значење, детските права и одговорностите кон училиштето, а секое прваче доби детски пасош.

Во учебната 2014-2015 година во трите централни и петте подрачни основни училишта во Општина Илинден се запишаа 200 првачиња.