Првата дама на Сирија живее во раскош, народот гладува

Првата дама на Сирија живее во раскош, носи скапа гардероба и оди на егзотични патувања. Според медиумите  не остава  впечаток дека е сопруга на сирискиот претседател Башар ал Асад ниту пак дека земјата е во крвава граѓанска војна веќе седум години.

Алма и Башар ал Асад и нивните три деца живеат богато и спокојно како и пред почетокот на војната, ако се суди според објавите на првата дама на Инстаграм.

Сопругата на Асад која ја нарекуваат Прва дама на пеколот, е родена во Велика Британија, а судејќи по фотографиите што ги објавува за нејзините 230.000 следбеници, никој не би рекол дека живее во Сирија.

Кога Асма се омажи за Асад во 2000 година, светот ја обожаваше. Ѝ даде на Сирија ново светло, а народот ја нарекуваше „принцезата Дијана на Блискиот Исток“.

Меѓутоа, мислењето за неа почна да се менува во 2012 година кога во документите што ги објави Викиликс беше откриено дека дала 350.000 долари за 130 нови парчиња мебел во време кога во земјата веќе неколку години жареше крвава граѓанска војна.

Во мејловите исто така беше откриено дека купила чифт чевли со кристални потпетици вредни 7.000 долари и барала да бидат пратени преку Дубаи за да ги избегне санкциите што веќе ѝ беа наметнати на Сирија.

Се проценува дека ултрамодерната претседателска палата изградена во 1979 година под дизајнерската палка на јапонскиот архитект Кензо Танге, чинела над 1 милијарда долари. Во еден текст објавен во 1989 година се тврди дека само една соба е обложена со 125.000 мермерни плочки во вредност од 10,6 милиони долари.

Асма ал Асад е родена во 1975 година во Лондон. Нејзините родители се суни миуслимани со потекло од Хомс. Завршила на Кралскиот колеџ и има дипломи за информатика и француска книжевност. Работела во банкарската индустрија, а најистакната функција имала во „Дојче банк“ како аналитичар за хеџ фондови.