Македонија

Првата група израелски туристи пристигнува во Македонија

Првата група израелски туристи пристигнува во Македонија

На охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ денеска ќе пристигне група туристи од Израел со израелскиот тур-оператор „Аркиа интернационал“.

Туристите на аеродромот ќе ги пречекаат Владо Мисајловски, министер за транспорт и врски,  Зоран Крстевски, генерален менаџер на ТАВ Македонија, градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески и Анат Ахаром, директор за маркетинг и продажба во „Аркиа интернационал“.