Првата свадбена фотографија од Новак и Јелена

Британскиот магазин „Хелоу“ ексклузивно го објави првото интервју на српскиот тенисер Новак ѓоковиќ и неговата избраничка Јелена, по нивната вечавка која се одржа минатата недела на островот Свети Стефан, како и нивните свадбени фотогрaфии.

Ѓоковиќ за магазинот  вели дека кога ја видеј првпат Јелена во венчаницата, изгледала како ангел.
Двојката се  венча неколку дена откако тенисеор го освои првото место на турнирот „Вимблдон“.

„ Се обидував да бидам присутен во тој момент и да запаметам се’. Бев фокусиран на неа, на нејзината насмевка и на нашето бебе. Тоа беше еден совршен момент. Го освоив Вимблдон и ќе станам татко – не би можел да барам повеќе од тоа “, вели  Новак за „Хелоу“.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.